Контроверзи на Светското првенство 2026: На Англичанецот без објаснување му е зголемена суспензијата, Тухел бара одговори

Одлуката дополнително ги засили критиките кон судењето и дисциплинските одлуки на Мундијалот. Претходно, ФИФА ја укина суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун пред осминафиналето, што исто така предизвика реакции.

Нови контроверзи го следат Светското првенство 2026 откако на англискиот репрезентативец Џарел Кванса му беше зголемена суспензијата од еден на два натпревари, без официјално објаснување од надлежните. Англискиот селектор Томас Тухел реагираше на одлуката, посочувајќи дека репрезентацијата не добила никакво образложение зошто казната е променета.

„Не добивме никакво објаснување“, изјави Тухел, додавајќи дека тимот мора да се подготви за следниот предизвик и покрај неизвесноста околу одлуките.

Одлуката дополнително ги засили критиките кон судењето и дисциплинските одлуки на Мундијалот. Претходно, ФИФА ја укина суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун пред осминафиналето, што исто така предизвика реакции.

Во четвртфиналето, Шпанија ја совлада Белгија со 2:1 и обезбеди пласман во полуфиналето, каде ќе игра против Франција. Вечерва се играат уште два четвртфинални натпревари: Норвешка – Англија (23:00 часот, Мајами) и Аргентина – Швајцарија (03:00 часот, Канзас Сити)

е-Трн да боцка во твојот инбокс