Олујни ветрови го парализираат аеродромот во Амстердам: Откажани десетици летови

Поради невремето „Боело“, авиокомпаниите КЛМ, Луфтханза и Изиџет откажаа бројни летови од аеродромот Схипхол. За делови од Холандија сè уште важи жолто метеоролошко предупредување.

Десетици летови денеска се откажани на аеродромот Схипхол во Амстердам поради силните ветрови што ги донесе невремето „Боело“. Во делови од Холандија и понатаму е на сила жолто метеоролошко предупредување.

Откажани се бројни летови на авиокомпаниите КЛМ, Луфтханза и Изиџет, бидејќи силниот ветер го оневозможува користењето на некои од аеродромските писти, пренесува „НЛ тајмс“. „Авиокомпаниите ги приспособуваат распоредите на летови. Патниците треба да очекуваат откажувања и доцнења“, изјави портпарол на аеродромот Схипхол.


Патниците што треба да патуваат од или до Амстердам се советуваат да ги проверат информациите за својот лет кај авиокомпанијата и на официјалната страница на аеродромот пред да тргнат кон аеродромот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс