Калинката важи за една од најздравите есенски намирници поради изобилството на витамини и антиоксиданси, но нејзината редовна консумација не е безбедна за сите. Лекарите и нутриционистите предупредуваат дека одредени здравствени состојби и терапии бараат сериозно ограничување или целосно избегнување на ова овошје. Невнимателното внесување калинка може да предизвика нагол пад на крвниот притисок, дигестивни блокади или опасни интеракции со препишани медикаменти.
Составите во калинката делуваат природно на ширење на крвните садови и намалување на артерискиот притисок. За лицата кои страдаат од висок крвен притисок ова е корисна особина, но кај луѓето со вродена хипотензија или кај оние кои веќе пијат антихипертензивни лекови, калинката може дополнително да го сруши притисокот под безбедната граница. Последиците се манифестираат со силна вртоглавица, малаксаност и ризик од колапс.
Активните растителни соединенија во ова овошје го менуваат начинот на кој црниот дроб ги разградува одредените медикаменти. Консумацијата на калинка или сок од калинка може да го засили или ослаби дејството на лековите за намалување на холестеролот, антикоагулансите и терапијата за регулација на срцевиот ритам. Пациентите на постојана терапија мора да се консултираат со лекар пред да воведат поголеми количини калинка во исхраната.
Семките од калинка содржат висока концентрација на нерастворливи влакна. Кај здрави лица тие ја подобруваат работата на цревата, но кај пациенти со синдром на иритабилно црево, гастритис или чип на желудникот можат да предизвикаат иритација на слузокожата. Проготувањето на големи количини цели семки крие опасност од формирање на дигестивни блокади, посебно кај лица со забавена цревна перисталтика.