Комисија за заразни болести: Низок ризик од појава и ширење на хантавирус во Македонија

Комисијата истакна дека андес варијантата, за разлика од останатите варијанти на хантавирусот, има можност за пренос од човек на човек при подолг и близок контакт

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство денеска одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот и здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата.

Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, како и со стандардни оперативни процедури за дијагностика на овој вирус.

Од Комијиста укажуваат и дека Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби располага со соодветни капацитети за третман на евентуални пациенти со симптоматологија карактеристична за инфекција со хантавирус – андес варијанта, односно има соодветни услови за интензивна нега, механичка вентилација и респираторна поддршка.

Комисијата истакна дека андес варијантата, за разлика од останатите варијанти на хантавирусот, има можност за пренос од човек на човек при подолг и близок контакт, но важно е да се нагласи дека преносот не е брз и лесен како кај коронавирусните инфекции, објави 4news.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс