Кога е обезноста предизвикана од прејадување, а кога од болест?

Најчестиот совет за слабеење е повеќе физичка активност и помал внес на калории од тоа што се троши, но што кога организмот работи против вас?

Прекумерната телесна тежина е еден од главните здравствени проблеми на модерното време. Обезноста е резутлат на прекумерна акумулација на масно ткиво, а најчест виновник за тоа е начинот на живот без многу физичка активност и внесот на премногу калории.

Меѓутоа, причините за дебелеење може да бидат и различни пореметувања и болести, а еден од најчестите е пореметувањето на хормонската рамнотежа, пишува Ординација.хр.

Пореметувањето на ендокрините жлезди може да доведат до прекумерно собирање на масно ткиво. Најчесто проблемот е предизвикан од тироидната жлезда, а овој проблем се открива откако пациентите неколкумесеци имаат неконтролиран раст на телесната тежина.

Различни болести со прекумерно излачување на кортизол исто така го имаат дебелеењето како еден од симптомите. Исто така, нарушувањата на метаболизмот на јаглени хидрати може да доведат до дебелеење или, во најмала рака, тешкотии во одржувањето на телесната тежина. Инсулинската резистенција, која долгорочно е поврзана со дијабетес, придонесува за зголемување на телесната тежина поради анаболниот ефект на хормонот инсулин, чија главна задача е регулирање на метаболизмот на гликозата.

Доколку вашиот внес на калории е умерен, редовно се движите, а сепак вашата телесна тежина расте, тогаш е време да посетите ендокринолог. Навремената дијагноза и лечењето на најчестите ендокринолошки болести помагаат во одржување на телесната тежина.

Извор: Ординација.хр

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни