Која е хрватската старлета Ава Карабатиќ која се кандидира за претседател?

Контроверзната хрватска старлета, Ава Карабатиќ ја најави кандидатура на претстојните претседателски избори.

На својата ФБ страна таа ја објави програмата во неколку точки.

„Ви ја претставувам мојата изборна програма. Овде ќе ги наведам само главните ставки, додека целата програма со детален план за имплементација за секоја ставка е во описот на мојот профил“, напиша Ава.

Еве 13 точки кои таа ги кажа на Фејсбук:

Задолжителен полиграф за политичарите-Хемиска кастрација на силувачи на малолетни деца и педофили

-Зголемување на платите и пензиите-Борбата против корупцијата

-Одбивање на платите на пратениците за 30 отсто

-Поддршка за ветераните и промоција на патриотизмот

-Дополнителни истраги за откривање на воени профитери

-Поддршка за здравствените работници-Финансиска поддршка за студенти и млади луѓе

-Промовирање на патриотизам-Државна програма за реално шоу за обесчестени политичари

-Бенефициран работно искуство за келнери и вработени во слот клубови и обложувалници

-Промоција на уметност и култураВи благодариме за довербата и поддршката“, напиша Ава на крајот од оваа објава.

Ава годинава учествуваше на парламентарните избори – беше на листата на Иван Пернар во 10-та изборна единица. Таа на изборите доби неколку стотици гласови и не влезе во парламентот.

Таа тогаш доби повеќе гласови од министерката за култура Нина Обљен Коржинек. Ава доби 508 гласа, а министерката 505. Портпаролот на Владата Марко Милиќ доби помалку – 391 глас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни