Ќе бидат ли македонските туристи изземени од ЕЕС системот во Грција?

Туристичката комора при ССКМ упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за одложување на новиот Entry/Exit System (ЕЕС)

Новиот ЕЕС систем за вле и излез во ЕУ на држајвани на трети земји создаде хаос на граничните премини ширум Унијата, а за македонските туристи тоа е највоочливо при влез и излез во соседна Грција.

Грците, пред почетокот на летната сезона донесоа одлука жителите на Британија да бидат иззеемни од ЕЕС системот, по што такво барање пристигна и од Србија.

Неколку дена по тој чекор, денес туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година.

Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјата, кој предупредува дека евентуалната примена на системот во шпицот на летната туристичка сезона може да предизвика значителни застои на граничните премини со чекања од повеќе часови. Ова, како што посочуваат туристичките работници, директно би влијаело врз квалитетот на туристичкото искуство, но и би можело да резултира со откажување на веќе резервирани аранжмани за летување во Грција.

– Грција е традиционално најзначајна туристичка дестинација за граѓаните на Македонија, а непречениот проток на патници е од суштинско значење за одржување на стабилноста и развојот на туристичката индустрија. Затоа бараме разбирање и разгледување на можноста за временско одложување на имплементацијата на системот во текот на најфреквентниот период – посочуваат од Туристичката комора при ССКМ.

Оттаму, нагласуваат дека иницијативата е во насока на зачувување на добрососедските односи и поддршка на економската соработка меѓу двете земји, особено во делот на туризмот, кој претставува значаен сегмент за регионалната економија.

Сега, се чека одговорот од грчките власти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни