Грција со драконски казни: 4.000 евра и до 8 години без возачка ако предизвикате несреќа додека зборувате на мобилен

Новите сообраќајни правила во Грција предвидуваат казни до 4.000 евра и одземање на возачка дозвола до осум години ако користењето мобилен телефон предизвика несреќа.

Грција воведува значително построги сообраќајни казни, особено за возачи кои користат мобилен телефон додека управуваат возило.

Според новиот закон за безбедност во сообраќајот, санкциите во најтешките случаи може да достигнат до 4.000 евра, заедно со одземање на возачката дозвола до осум години.

Користењето мобилен телефон при возење ќе се казнува во неколку нивоа. За прв прекршок е предвидена казна од 350 евра и одземање на возачката дозвола на еден месец.

Ако прекршокот се повтори, казната се зголемува на 1.000 евра, а возачот ќе остане без дозвола шест месеци. Третото прекршување носи казна од 2.000 евра и забрана за возење од една година.

Најстроги санкции се предвидени ако користењето мобилен телефон предизвика сообраќајна несреќа. Во таков случај, казните почнуваат од 350 евра и еден месец забрана за возење, а при повторување може да достигнат 2.000 евра и забрана за возење до четири години.

Во најтешките случаи, казната може да изнесува 4.000 евра, а возачката дозвола да биде одземена до осум години.

Во вакви ситуации се предвидени и затворски казни, во зависност од тежината на несреќата и последиците.

Новите правила се дел од обидот на грчките власти да ја зголемат безбедноста на патиштата и да го намалат бројот на несреќи предизвикани од невнимание зад воланот, особено во период кога земјата ја посетуваат голем број туристи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс