Првиот серијал на Камера Опскура – независен концепт кој ги истражува македонските поетеси низ историјата па досега ќе се одржи на 09 ноември= во EDGE Specialty Coffee (ул. Дебарца 13).
„Нашите собири (со различни уметнички серии во иднина) симболично претставуваат еден мал отвор низ кој дозволуваме светлината да влезе во темниот простор. Ќе дискутираме за историјата на македонскoто женско поетско писмо, ќе се запознаеме меѓусебно и низ разговор и читање поезија ќе ги осветлуваме сенките на македонските поетеси“ велат организаторите.