Како се викале месеците пред векови? Детската претстава „Ѕвездени перничиња“ вечерва има премиера во Скопје

Преку 12 приказни, музика и театар, најмладата публика ќе ги запознае старите називи на месеците, народните обичаи и традициите поврзани со четирите годишни времиња.

Како се нарекувале месеците во годината во минатото и какви приказни, обичаи и верувања се кријат зад нивните стари имиња? Одговорите на овие прашања најмладата публика ќе ги открива преку детската театарска претстава „Ѕвездени перничиња“, која вечерва, на 11 ноември, премиерно ќе биде изведена во Салон 19:19, со почеток во 19 часот.

Претставата е создадена врз основа на раскази поделени во 12 дела, преку кои децата на едукативен и забавен начин ќе се запознаат со четирите годишни времиња и дванаесетте месеци во годината.

Посебно внимание е посветено на старите, двојните и тројните називи на месеците, како и на традиционалните ритуали, народните обичаи и културното наследство на македонскиот народ.

По приказната за секој месец следува уште една посебна приказна – необична, поучна и исполнета со помалку познати детали за годишниот календар и народната традиција. Во претставата играат Борче Начев, Софија Насевска-Трифуновска и Снежана Коневски Руси, која ја потпишува и режијата.


Премиерата е закажана за вечерва во 19 часот во Салон 19:19.

е-Трн да боцка во твојот инбокс