„Како е на работа?“ – граѓаните за стресот, (не)безбедноста и преживувањето

Анкетата покажува дека за многу работници платата, достоинството и безбедноста не се апстрактни теми, туку секојдневна борба.

Во анкета посветена на безбедноста на работното место и работничките права, ги прашавме граѓаните едно едноставно, а тешко прашање: „Како е на работа?“.

Дел од нив велат дека работните места во Македонија не се многу безбедни, дека не се следат сите безбедносни стандарди и дека „некои инспекторати треба да поработат“, а споменуваат и малтретирање и неправда. Други велат дека сè зависи од професијата.

Кога зборуваат за задоволството од работата, соговорниците изразуваат незадоволство: „не е платено онолку колку што заслужуваат“, „трпат повеќе од тоа што треба“, а често и „премолчуваат, од страв да не го изгубат работното место“.

На прашањето „Како е на работа?“ дел од граѓаните заклучуваат дека е „стресно, небезбедно на некој начин и преживување“. Иако има и такви што велат дека работниците се задоволни и исполнети, тие сепак бараат „поголеми плати, дефинитивно“ и укажуваат на апсурдот луѓе со образование да работат работи што не ги сакаат и не ги работат „со љубов“.

На крајот, оваа анкета отвора јасна тема: безбедноста, достоинството и платата не се апстрактни прашања, туку секојдневна борба на работниците во Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни