Јужна Кореја вложува милијарди во нови тенкови и супер ракети

Сеул издвојува 3,5 милијарди долари за нови ракетни системи и надградба на K2 со напредна заштита од дронски напади.

Јужнокорејските власти одобрија буџет од 3,58 милијарди долари за сеопфатна модернизација на своите основни воени капацитети, соопшти Државната агенција за опремување на одбраната (DAPA). Програмата предвидува инсталирање напредни системи за активна заштита и попречување на беспилотни летала на тенковите K2, како и двојно зголемување на дострелот на протобродските ракети Haeseong-II, со цел одговор на сè поголемите регионални безбедносни предизвици.

Државната агенција DAPA зелено светло за проектот вреден 2,43 милијарди долари, наменет за зајакнување на оклопните единици. Главните борбени тенкови K2 ќе добијат системи за активна заштита кои пресретнуваат противтенковски ракети и беспилотни летала во лет. Надградената опрема вклучува и модули за попречување на дронски фреквенции и оневозможување на импровизирани експлозивни направи.

Покрај заштитата, возилата ќе бидат опремени со далечински управувани вооружени станици. Оваа технологија овозможува екипажот да управува со огнот од внатрешноста на возилото, без изложување на директен непријателски оган. Надградбата ќе се одвива од 2028 до 2046 година, а првите модернизирани тенкови ќе влезат во служба во 2033 година.

За вториот клучен столб од воениот пакет одвоени се 1,15 милијарди долари. Средствата се наменети за развој на унапредена верзија на противбродските ракети со долг дострел Haeseong-II. Со вградување на нов, посилен турбовентилаторски мотор, дострелот на овие проектили практично ќе се удвои.

Развојот на новиот ракетен систем треба да заврши до 2033 година, додека сериското производство е планирано за почетокот на 2034 година. Инженерите предвидуваат овие проектили да бидат главно вооружување на новата генерација јужнокорејски разборувачи од класата KDDX.

е-Трн да боцка во твојот инбокс