Од 1ви до 3ти мај автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред, поради продолжениот празничен викенд за Меѓународниот ден на трудот. Тоа значи дека јавниот превоз во Скопје ќе функционира со намален интензитет, согласно празничниот режим.
Од ЈСП информираат дека на 1 мај, петок, и на 3 мај, недела, дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар. Таа ќе работи од 08:00 до 14:00 часот.
Во сабота, 2 мај, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат вообичаено, во две смени од 08:00 до 18:00 часот. Објектите што работат во една смена ќе бидат отворени од 08:00 до 13:00 часот.
Од претпријатието апелираат граѓаните навреме да го испланираат користењето на јавниот превоз и услугите за персонализација на картичките за време на празничниот викенд.