Од утре до 29 април, поради одржувањето на Саемот на книгата во СЦ „Борис Трајковски“, ЈСП „Скопје“ повторно ги пушта во функција автобуските линии „100“ и „200“, кои ќе сообраќаат само во текот на саемските денови.
Од утре во СЦ „Борис Трајковски“ почнува годинешниот Саем на книгата, кој ќе трае до 29 април, а поради полесен пристап за посетителите, ЈСП „Скопје“ повторно ги активира специјалните линии „100“ и „200“.
Едната линија ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион, и двете ќе сообраќаат исклучиво во деновите кога се одржува саемот. Од ЈСП информираат дека билетите за овие линии ќе се наплаќаат согласно важечкиот ценовник за јавен превоз.
Линијата „100“ ќе сообраќа на релација Ново Лисиче – СЦ „Борис Трајковски“. Поаѓањата од Ново Лисиче се во 11:00, 12:20, 13:40, 15:00, 16:20 и 17:40 часот. Од СЦ „Борис Трајковски“ автобусите ќе тргнуваат во 11:40, 13:00, 14:20, 15:40, 17:00 и 18:20 часот.
Трасата на движење на оваа линија е: улица „Февруарски поход“, булевар „Видое Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“, а во враќање ќе се движи по истата траса.
Линијата „200“ ќе сообраќа на релација Дексион – СЦ „Борис Трајковски“. Поаѓањата од Дексион се во 11:20, 12:40, 14:00, 15:20, 16:40 и 18:00 часот. Од СЦ „Борис Трајковски“ поаѓањата се во 12:00, 13:20, 14:40, 16:00, 17:20 и 18:40 часот.
Оваа линија ќе се движи по трасата: улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата маршрута.
Со повторното активирање на овие две линии, ЈСП се обидува да обезбеди полесен и подостапен превоз до една од најпосетените културни манифестации во градот.