Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги информира патниците дека утре, по повод верскиот празник Духовден, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Исклучок ќе бидат линиите 11, 11а, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 74, 80а, 111 и 180, кои ќе возат по делничен возен ред.
Од ЈСП информираат дека автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред и во сабота и во недела.
Според потребите и по добиени информации од терен, ќе се вклучуваат и интервентни возила кон гробиштата Бутел.