Откако лани со настапот во склоп на PIN го урнаа рекордот на посетеност во МКЦ, најистакнатото име во новонастанатата регионална музичка сцена, JOKER OUT се враќа со свој самостоен концерт на 1 декември во МКЦ.
Ексклузивен повод за ова гостување е новиот албум кој излегува на 15 ноември и кој со актуелната турнеја групата премиерно, во целост ќе го претстави во живо.
По распродадените, и тоа во еден ден Љубљана, Белград и Загреб, во турнејата влегува и Скопје, а досегашното искуство со Joker Out и македонската публика несомнено го потврдува очекувањето дека и скопскиот датум многу скоро ќе се закити со етикетата sold out!
Концертот е дел од off-програмата на ТАКСИРАТ.