JOKER OUT НА „SKOPJE CALLING 2025“ – Младите го преземаат теренот!

Глобалниот музички феномен Joker Out пристигнува во Скопје за спектакуларен концерт на отворено! На 29 јуни 2025 година, сцената на Стадионот на АРМ ќе им припаѓа на најголемите ѕвезди на новата европска генерација – Joker Out, дел од програмата на фестивалот Skopje Calling 2025, рамо до рамо со Massive Attack и Nick Cave.

Овие словенечки рок-хероји зад себе имаат 20 милиони стримови на Spotify, соработка со легендарниот Elvis Costello, како и распродадени концерти низ цела Европа – од Camden Town во Лондон, до Англија, Полска, Ирска, Норвешка, Шведска и Финска. Нивниот настап на Евровизија стана вирален, а нивната енергија и музика ги направија миленици на публиката ширум континентот.

Настапот на Joker Out во Скопје не е само концерт – тоа е повик до новата генерација да покаже дека сцената ѝ припаѓа токму нејзе.

Продажбата на влезници започнува во среда, 16 април, од 10:00 часот наутро – онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.
Цените се следните:

Партер: 1.000 денари

Фан пит: 1.500 денари

Побарајте ја својата карта навреме – Skopje Calling 2025 се најавува како најголемиот музички настан на годината!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни