Јан Стефановски во РеТрн: свој ритам, свој пат

Наш гостин е Јан Стефановски – млад бубњар, музичар и име што носи нов, силен ритам на македонската сцена. Иако многумина најпрво го препознаваат како син на Влатко Стефановски, Јан веќе одамна гради свој звук, свој израз и своја музичка приказна.

Тапаните за него не се само инструмент – тие се дел од неговото растење, секојдневие и личен идентитет. Музиката ја носи од дома, но патот го создава сам: преку работа, настапи, бендови и постојано барање на сопствен ритам.

Во оваа епизода разговараме за музиката, сцената, семејното наследство и предизвикот да се биде млад музичар во Македонија.

Јан го прашавме:

• Од колку бендови е дел?
• Зошто баш бубњеви?
• Доколку не би бил музичар, што би бил?
• Колку е тешко или лесно да се заработи како музичар?
• Колку ти помага или одмага тоа што си дете на еден од најголемите музичари во Македонија, Влатко Стефановски?
• Што е тоа што те прави среќен?
• Што те прави тажен?
• Што е тоа што може наредно да очекуваме од тебе?

Јан Стефановски во РеТрн – разговор за ритамот, наследството и звукот што допрва ќе расте.

е-Трн да боцка во твојот инбокс