Рапас наградена за „Мајка“, Ариф Јакуп е ѕвезда во подем за „Диџеј Ахмет“

Два македонски филма освоија актерски признанија на второто издание на Јадранските филмски награди во Тиват. „Диџеј Ахмет“ имаше седум номинации, а „Мајка“ пет.

Два македонски филма освоија актерски признанија на второто издание на Јадранските филмски награди за 2026 година, што се одржаа во Порто Монтенегро, во Тиват, Црна Гора. Шведската актерка Рапас ја доби наградата за најдобра главна актерка за улогата во филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска. Признанието во нејзино име го прими режисерката, информираат од Агенцијата за филм на Северна Македонија.

Младиот актер Ариф Јакуп, кој ја толкува главната улога во филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски, ја освои наградата „Ѕвезда во подем“ за својата изведба на ликот на Ахмет.

Повеќе од 800 професионалци гласаа за наградите

Свеченото доделување на наградите се одржа на 24 октомври. Признанијата ги доделува Филмската и телевизиска академија на Јадранскиот Регион, а за нив гласаат повеќе од 800 филмски и телевизиски професионалци. Настанот ги обединува филмските автори и професионалците од регионот, истакнувајќи ги значајните остварувања во филмската и телевизиската продукција.


На овогодишното издание „Диџеј Ахмет“ имаше вкупно седум номинации, додека „Мајка“ беше номиниран во пет категории. Двете актерски признанија се уште еден успех за македонската кинематографија и за авторите и актерите што ја претставуваат на регионалната филмска сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс