Јагоди во саксии: едноставен водич за домашно одгледување

Јагодите лесно може да се одгледуваат во саксии на тераса или дома. Со правилна почва, соодветни сорти и редовна нега, можно е да се добијат богати и декоративни плодови дури и без градина.

Јагодите одамна не се резервирани само за градини и ниви и со малку внимание и правилен избор на услови, тие успешно може да се одгледуваат и во саксии, како дел од домашното зеленило или украс на тераса.

За таа цел се користат саксии со дијаметар од околу 10 до 30 сантиметри, во зависност од бројот на садници. Во секоја саксија се засадуваат од една до три садници јагоди, а клучен услов за успешен раст е квалитетна, ровка и плодна почва која овозможува добра дренажа и развој на коренот.

Садењето на јагоди во саксии може да се изведува речиси во текот на целата година од март па сè до доцна есен, што го прави овој начин на одгледување многу флексибилен и достапен.

За најдобри резултати, се препорачува избор на ремонтантни сорти, кои даваат плод во текот на подолг период од средината на пролетта па сè до доцна есен, а во поволни услови и во зимски месеци ако растенијата се заштитени во затворен простор.

Меѓу препорачаните сорти за одгледување во саксии се издвојуваат „Humiđento“, „Gem“ и „Obari Beauty“, кои се познати по стабилно и продолжено плодоносeње. Покрај нив, може да се користат и други крупноплодни сорти, во зависност од преференциите.

Грижата за јагодите во саксии е слична на нега на собни растенија. Редовното наводнување е клучно за одржување на влажноста на почвата, но без претерано задржување на вода. Дополнително, се препорачува прихранување двапати годишно со комплексни минерални ѓубрива за подобар принос и квалитет на плодовите.

За да се одржи продуктивноста, експертите советуваат растенијата да се обновуваат на секои две години, со замена на почвата и нови садници, бидејќи помладите растенија даваат подобри резултати.

Јагодите одгледувани во саксии можат да дадат од 20 до 100 плодови по растение, во зависност од условите и големината на садот, што ги прави особено интересни за домашно одгледување. Освен што се вкусни, тие имаат и декоративна вредност растението цвета и плодоноси истовремено, додавајќи боја и свежина на просторот.

Со правилно внесување на саксиите во потопли простории, плодоносењето може да се помести и значително да се забрза, што овозможува свежи јагоди уште во рана пролет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни