Изложба и дебата во „Јадро“ за иднината на независната културна сцена

Изложбата „Thorning Point – Форми на колективно дејствување“ ќе биде отворена во четврток, 1 октомври, во 16:30 часот во КСП Центар – Јадро во Скопје.

По отворањето ќе следува дебата за иднината на независните културни простори во Европа.

Изложбата обединува дела и уметнички практики поврзани со четири независни простори: Центар – Јадро во Скопје, U10 во Белград, Spazio Y во Рим и Jam Factory во Лавов. Учествуваат Клелија Живковиќ, Јана Јовашевиќ, Паоло Асенца и Никола Ротироти, како и Јуриј Грузинов и Олексиј Сај. Кураторки се Мелоди Робин и Алесија Симонети.

На дебатата „Сè уште независни? Каква иднина за независната културна сцена во Европа“ ќе зборуваат Ѓорѓе Јовановиќ, Јана Јовашевиќ, Паоло Асенца и Илона Демченко. Разговорот, кој ќе го модерира Мелоди Робин, ќе се однесува на финансирањето, слободата на творење и одржливоста на независните културни простори.

Настанот ќе се одржи во просториите на КСП Центар – Јадро, на улицата „Алберт Ајнштајн“ бр. 2. Тој е дел од програмата „Европски дијалози во Скопје – Споделени наследства и хоризонти“, организирана од Францускиот институт и Амбасадата на Франција во Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс