Изгаснат е пожарот во магацинот во Железара

Голем пожар попладнево избувна во кругот на поранешниот индустриски комплекс „Железара“ во Скопје, но пожарот е целосно изгаснат, информираат надлежните.

Голем пожар попладнево избувна во кругот на поранешниот индустриски комплекс „Железара“ во Скопје, но пожарот е целосно изгаснат, информираат надлежните.

Огнот избувнал околу 17 часот во магацин за бои и лакови на булеварот „Александар Македонски“ бр. 67. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), на терен интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита со шест противпожарни возила и 20 пожарникари.

Густиот црн чад од пожарот бил видлив од повеќе делови на Скопје и предизвикал вознемиреност кај граѓаните. Засега нема информации за повредени лица. Надлежните служби ќе ги утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс