Членовите на жирито – дел од тимот на Интернационалниот фестивал за алтернативна фотографија Зрно, се одлучија за следните три фотографии како најдобри на овогодинешниот Конкурс за најдобра фотографија на Ехо:
1во место Дамјан Илиевски – Остри вид
2ро место Емре Али – Whispers of titans
3то место Илија Ацески – Корабски водопад
Во своето објаснување зошто од претходно објавените топ 10, изборот бил токму за овие 3 најдобри, тие меѓу другото велат:
„…Според нашето уверување секоја од овие десет го заслужува тоа, а изборот мораше да падне на три, на кои се гледа (буквално) возвишената убавина на планината и планинскиот пејзаж. На некои фотографии е присутен и човекот како мерка на се’ иако во споредна улога, како статист во улога на љубител на природата, планинарењето и како референца за големината на фотографираниот пејзаж и како пример за соодветен однос кон природата…“ велат од жирито.