Историско финале на Мундијалот: За првпат ќе се судрат европскиот и јужноамериканскиот шампион

Финалето меѓу Аргентина и Шпанија ќе испише историја на Светските првенства – првпат за светската титула ќе играат актуелните шампиони на Европа и Јужна Америка.

Аргентина обезбеди пласман во финалето на Светското првенство, откако со драматичен пресврт ја совлада Англија со 2:1 во полуфиналето во Атланта. Англичаните поведоа во 55. минута преку Ентони Гордон, но Аргентина го сврте резултатот во самиот финиш. Енцо Фернандез израмни во 86. минута, а Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение го постигна победничкиот гол. Лионел Меси беше асистент при двата погодока.

Во големото финале Аргентина ќе се соочи со Шпанија, која во полуфиналето ја совлада Франција со 2:0. Натпреварот за светската титула е закажан за недела, 19 јули.

Финале што ќе испише историја

Пресметката меѓу Аргентина и Шпанија ќе биде единствена во историјата на Светските првенства.

За првпат во финале ќе се сретнат актуелниот европски шампион и актуелниот освојувач на Копа Америка – Шпанија како шампион на Европа и Аргентина како владетел на Јужна Америка.

Само еден меѓусебен дуел на Мундијалите

Аргентина и Шпанија досега имаат само еден меѓусебен натпревар на Светските првенства. Тоа се случи во втората групна фаза на Мундијалот во 1966 година, кога Аргентина славеше со 2:1. Сега, речиси шест децении подоцна, двете фудбалски велесили повторно ќе се соочат на најголемата светска сцена, но овојпат со највредниот трофеј титулата светски шампион– како влог.

е-Трн да боцка во твојот инбокс