Франција се подготвува за нов бран сеопфатни протести и демострации, со загриженост дека собирите ќе ескалираат во дополнително насиство. Незадоволството на граѓаните е предизвикано од високите трошоци за живот, буџетските кастрења и состојбата во образовниот систем. Француските власти веќе најавија масовно присуство на полициските сили и антитерористички единици за обезбедување на сите клучни локации. Се очекуваат стотици демострации и блокади на железнички станици, пристаништа и главни сообраќајни крстосници низ целата земја.
И покрај тензичната ситуација, патувањето во Франција сè уште се смета за релативно безбедно, но со зголемени мерки за претпазливост. Меѓународните дипломатски претставништва ги советуваат туристите строго да ги избегнуваат сите јавни собири и плоштади каде што се собираат демонстрантите. Во одделни делови од Париз, Лион и Тулуз веќе се воведени локални полициски часови во текот на ноќните часови. Дополнително, во неколку градови им е забрането движењето на малолетници без придружба во вечерните термини.
Главните авиолинии, меѓународни возови и фериботи засега сообраќаат нормално, но се очекуваат доцнења во внатрешниот јавен превоз. Поголемите туристички атракции како што се музејот Лувр, Ајфеловата кула и Музејот Орсе остануваат отворени за посетителите. Сепак, пристапот до нив е под строг безбедносен режим и прегледи поради што се можни поголеми метежи и редици. Научниците и туристичките експерти советуваат сите патници редовно да ги следат сообраќајните апликации за навремени информации.
Најавените генерални штрајкови за почетокот на следниот месец дополнително ќе го парализираат железничкиот и авионскиот сообраќај во земјата. Бидејќи официјалните државни органи сè уште немаат издадено целосна забрана за патување, откажувањето на аранжманите не подлежат на автоматско враќање на средства. Патниците кои веќе имаат резервирано сместување се советуваат директно да контактираат со своите хотели пред поаѓање. Сите посетители треба да бидат внимателни во урбаните средини и строго да ги следат упатствата на локалните власти
