Иранскиот преговарач Калибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на војната

Претседателот на иранскиот парламент оцени дека резултатите од американските меѓуизбори испраќаат порака против војната, откако демократите освоија мнозинство во двата дома на Конгресот

Претседателот на иранскиот парламент и главен претставник на Иран во преговорите со Соединетите Американски Држави, Мохамад Багер Калибаф, денеска оцени дека Американците со гласањето на меѓуизборите, на кои демократите ги победија републиканците, рекле „не“ на војната.


„Без разлика дали тоа го направиле водени од совеста или од трошоците за живот, Американците рекоа ‘не’ на војната и ние ја поддржуваме таа порака“, напиша Калибаф на социјалната мрежа Икс. На меѓуизборите одржани во Соединетите Американски Држави, според прелиминарните резултати, победија демократите, кои во јануари ќе го преземат мнозинството и во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес. Со тоа ќе добијат контрола врз двата дома на законодавната власт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс