Иран му порача на Трамп: Не глумете полицајци во Ормускиот Теснец

Иран упати остра порака до Доналд Трамп и предупреди дека нема да дозволи САД да се наметнат како контролор во Ормускиот Теснец.

Висок ирански функционер Мохсен Резаи предупреди дека Иран ќе потопи американски бродови ако САД се обидат да го „контролираат“ Ормускиот Теснец. Заканата доаѓа во момент кога американско-иранските тензии околу преминот повторно се засилени, а Вашингтон веќе презема воени чекори поврзани со безбедноста на пловидбата во теснецот.

Резаи, кој е поранешен командант на Револуционерната гарда, во изјава објавена од иранските државни медиуми рече дека САД немаат никаква улога во контролата на Ормускиот Теснец и дека американските бродови би можеле да бидат уништени уште со првите ирански ракети. Во изминатите денови веше споделен и официјален став на Иранската револуционерна гарда дека секое приближување на воени бродови кон теснецот ќе го смета за прекршување на прекинот на огнот.

Според Reuters, американската војска веќе почнала да расчистува мини и да поставува услови за безбедна пловидба, додека администрацијата на Доналд Трамп воведе и поморска блокада кон бродови што посетуваат ирански пристаништа.

Паралелно со заканите, се водат и дипломатски обиди за нов договор. Белата куќа соопшти дека разговорите со Иран, со посредство на Пакистан, се продуктивни и дека е можна нова рунда преговори, иако засега нема потврда за конечен пробив. Светските медиуми известија дека Иран понудил бродовите да пловат по оманската страна на теснецот без ризик од напад, доколку се постигне поширок договор што би спречил нов конфликт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни