Инстаграм воведува опција што многумина ја чекаа: Сега можете да ги уредувате сторињата и по објавувањето

Корисниците ќе можат да ги менуваат текстот, музиката, налепниците и цртежите во рок од 15 минути по објавувањето, без да ги изгубат дотогаш собраните прегледи, лајкови и одговори.
Pile of 3D Instagram Logos

Инстаграм воведува нова можност што ќе им овозможи на корисниците да ги уредуваат своите сториња и по објавувањето. Со најновото ажурирање, измените ќе бидат достапни во рок од 15 минути, па доколку забележите грешка или сакате нешто да промените, повеќе нема да мора да го избришете целото стори и да го објавите повторно.

Новата функција овозможува дополнително уредување на текстот, музиката, налепниците и цртежите, како и промена на нивната позиција и стил на екранот.

За да ја користите опцијата, треба да го отворите објавеното стори и да го изберете менито во долниот дел од екранот, односно копчето „More“ („Повеќе“), каде што ќе се појави новата можност за уредување.

Прегледите, лајковите и одговорите остануваат

Особено важно за корисниците е тоа што дополнителното уредување нема да влијае врз интеракциите што сторињата веќе ги собрале. Според информациите од компанијата, прегледите, лајковите и одговорите ќе останат зачувани и по направените измени.

Сепак, можноста за уредување е временски ограничена. По истекот на рокот од 15 минути, сторињата повеќе нема да можат да се менуваат, па единственото решение во случај на грешка ќе биде нивно бришење.

Кога новата функција ќе биде достапна за сите?

Опцијата за уредување на сторињата постепено се воведува на корисничките профили ширум светот. Затоа, доколку сè уште не ви е достапна, проверете дали ја имате инсталирано најновата верзија на апликацијата Инстаграм.


Покрај оваа новина, платформата воведува и нови налепници во освеженото мени, го олеснува истовременото избирање повеќе фотографии за популарните групни објави познати како „photo dump“ и додава нови позадини. Меѓу нив се ефектот на заматување, еднобојните позадини и градиентите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс