Инклузивна едукативно-креативна работилница под наслов „ЧЕКОР ПО ЧЕКОР – БИБЛИОТЕКА ЗА СИТЕ“во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“

Во работилницата учествуваа деца од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ и од ООУ „Коле Неделковски“, кои преку заеднички активности, разговор и творештво имаа можност да го истражуваат светот преку различните сетила и да ја осознаат важноста на меѓусебното разбирање, поддршката и почитувањето

По повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, во соработка со ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, организираше инклузивна едукативно-креативна работилница под наслов „ЧЕКОР ПО ЧЕКОР – БИБЛИОТЕКА ЗА СИТЕ“, посветена на самостојноста, пристапноста, еднаквите можности и почитувањето на различностите.

Во работилницата учествуваа деца од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ и од ООУ „Коле Неделковски“, кои преку заеднички активности, разговор и творештво имаа можност да го истражуваат светот преку различните сетила и да ја осознаат важноста на меѓусебното разбирање, поддршката и почитувањето.

Затоа, преку ваквите активности, библиотеката ја потврдува својата улога како културен и образовен простор отворен за сите, во кој пристапот до знаењето, книгата и културата не смее да биде ограничен од каква било различност.


Посебен акцент во работилницата беше ставен на практичното запознавање со значењето и функцијата на белиот стап (бастун). Преку непосредно запознавање и демонстрација, децата имаа можност да научат како се користи ова помагало, на кој начин им помага на лицата со оштетен вид да ги препознаваат пречките, да се ориентираат во просторот и да се движат побезбедно и посамостојно. Активноста придонесе за подобро разбирање на предизвиците со кои се соочуваат лицата со оштетен вид, но и за развивање свест дека белиот стап не е само средство за движење, туку и симбол на независноста, достоинството и правото на слободно движење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс