Search

Иако е стара, секогаш се смеам на серијата „Friends“

Сања Диванисова е маркетинг специјалист која сонува за живот на плажа и посакува да има што повеќе пријатели кои ќе ја засмејуваат.

„Сонувам за живот покрај море, сакам да сум на плажа 365 дена. А сето тоа да се надополни со голем број пријатели оти тие постојано ме смеат. Покрај нив, секогаш се смеам на серијата “Friends“ и после толку гледања“- изјави Сања за рубриката „Насмевни се“.

Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.

Најново

Последни колумни