Базарот е замислен како едноставна, но солидарна акција: граѓаните донираат книги од своите домашни библиотеки, а потоа тие се продаваат по симболична цена од 200 денари. Целиот собран приход ќе биде дониран директно за помош на „Антолог“.
Отворањето привлече бројни читатели, љубители на книгата и граѓани кои сакаа истовремено да помогнат и да си вдомат ново книжевно издание.
Книгите ќе бидат изложени во Култ Културен центар до сабота, а дотогаш секој заинтересиран може да го посети базарот, да избере книга и да учествува со донација од 200 денари.
Организатори на хуманитарниот книжевен базар се здружението „Креативна верига“ од Охрид и Култ Културен центар од Охрид.