„За да ги заштитиме нашите млади, веруваме дека дојде време да се забрани употребата на електронски цигари“, изјави локалниот здравствен функционер Ло Чунг Мау во телевизиско обраќање.
Тој додаде дека наскоро ќе започне процесот на носење закон со кој ќе се санкционираат и поседувањето и користењето на овие уреди на отворено.
Оваа одлука доаѓа речиси три години по забраната за увоз, производство и продажба на електронски цигари и загреани тутунски производи во Хонгконг. Според тамошниот закон, секој што ќе биде фатен при увоз на електронски цигари се соочува со затворска казна до седум години и парична казна од два милиони хонгконшки долари (околу 250.000 евра), додека производителите и продавачите ризикуваат казна до шест месеци затвор.
Според податоците на Светската здравствена организација, вкупно 35 земји ширум светот ја забраниле продажбата на електронски цигари.