Нов случај на хантавирус во Европа, заразениот пациент ставен во изолација

Нов случај на хантавирус е потврден во Европа. Пациентот заразен со андскиот сој бил ставен во изолација, а властите го следат случајот.

Реткиот вирус што го пренесуваат глодари повторно предизвика внимание кај европските здравствени власти по нов случај во Франција и Шпанија.

Француското Министерство за здравство потврди нов случај на хантавирус кај лице со француско и аргентинско државјанство, кое во јули престојувало во Франција. Пациентот подоцна бил ставен во изолација во Шпанија како превентивна мерка.

Станува збор за андски сој на хантавирусот, единствениот познат вид од оваа група кој може да се пренесува од човек на човек. Засега пациентот имал само благи симптоми, кои веќе исчезнале, а здравствените служби ги следат неговите контакти и движења.

Случајот повторно го привлече вниманието поради претходната епидемија поврзана со овој вирус на бродот „МВ Хондиус“, каде што беа регистрирани 13 заразени лица, од кои три починаа.

Хантавирусите најчесто ги пренесуваат глодари, а за нив во моментов нема вакцина ниту специфична терапија. Здравствените експерти продолжуваат со следење на ситуацијата и координација на европско ниво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс