САД испратија хуманитарна помош за Куба: „Помошта е за народот, не за режимот“

Ова е продолжение на претходната американска помош во вредност од девет милиони долари, која беше распределена преку Католичката црква на Куба.

Соединетите Американски Држави испратија авион со хуманитарна помош за Куба, што претставува прва испорака од пакетот вреден 100 милиони долари наменет за кубанското население. Помошта пристигнува паралелно со продолжениот американски притисок врз комунистичката влада во Хавана.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека испораката содржи пакети со храна и хигиенски производи за околу 700 семејства. Дистрибуцијата ќе ја спроведе хуманитарната организација Catholic Relief Services, преку локалните католички парохии на Куба.

„Хуманитарната помош ќе биде директно доставена до Кубанците на кои им е најпотребна, без можност режимот да ја пренасочи или злоупотреби“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Помош вредна 100 милиони долари

Американскиот државен секретар Марко Рубио уште во мај најави пакет помош од 100 милиони долари, нагласувајќи дека средствата се наменети за кубанскиот народ, а не за владата.

Во исто време, Вашингтон продолжува со економскиот притисок врз Куба преку ограничување на испораките на нафта и финансиски санкции.

Хавана првично беше резервирана

Кубанските власти првично реагираа претпазливо на американската понуда и ги отфрлија повиците за политички реформи, обвинувајќи ги САД дека преку санкциите придонесуваат за честите прекини на електричната енергија и недостигот од основни производи. Сепак, по разговорите со претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Хавана се согласила да ја прифати хуманитарната помош.

Ова е продолжение на претходната американска помош во вредност од девет милиони долари, која беше распределена преку Католичката црква на Куба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс