Голем удар за Трамп: Федералниот суд ги поништи царините и наложи поврат на пари

Федерален суд во САД ги прогласи за незаконски царините од 10% што Доналд Трамп ги воведе за увозната стока. Судот наложи прекин на наплатата и враќање на веќе уплатените средства на компаниите што поднеле тужба.
Photo: Shealah Craighead / White House

Федерален суд во САД ги поништи царините од 10 проценти што администрацијата на Доналд Трамп ги воведе за увоз на стоки, оценувајќи дека мерките биле донесени без доволна законска основа. Одлуката ја донесе Американскиот суд за меѓународна трговија со мнозинство гласови 2-1, што претставува нов сериозен удар за економската политика на американскиот претседател.

Судот утврдил дека администрацијата неправилно се повикала на член 122 од Трговскиот закон од 1974 година, кој му дозволува на претседателот привремено да воведе царини до 15 проценти без одобрување од Конгресот, но само под строго дефинирани услови.

Судот: Нема доволно оправдување

Во образложението на пресудата се наведува дека Трамповата администрација не успеала да покаже постоење на „голем и сериозен дефицит во платниот биланс“, што е еден од клучните услови за примена на ова законско овластување. Судиите оценија дека аргументацијата во претседателската прокламација била недоволна и не одговарала на намерата на Конгресот кога го донел законот.

Оваа одлука следува по претходна пресуда на Врховниот суд, кој уште во февруари оцени дека дел од најобемните царински мерки на Трамп биле незаконски.

Наложен поврат на средства

Со новата пресуда, администрацијата е обврзана да престане да ги наплаќа царините од компаниите што ја покренале тужбата и да им ги врати веќе уплатените средства. Иако одлуката засега директно се однесува само на тужителите во случајот, таа отвора можност и други увозници да побараат поврат на парите платени по основ на спорните царини.

Сепак, останува неизвесно кога ќе започне целосниот процес за поднесување барања за обештетување, а американските власти се очекува да поднесат жалба. Правната битка околу царините создаде дополнителна несигурност кај компаниите што зависат од увоз. Во изминатиот период, бизнисите се соочуваа со постојани промени во трговската политика и најави за нови давачки.

И покрај судските порази, администрацијата и натаму има можност да воведува одредени сектор

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни