Goldman Sachs ќе заработи рекордни 110 милиони долари од продажбата на Electronic Arts

Goldman Sachs ќе добие рекордна провизија од 110 милиони долари за советување при продажбата на Electronic Arts за 55 милијарди долари – најголема M&A заработка во историјата на банката.

Њујоршката инвестициска банка Goldman Sachs ќе инкасира рекордни 110 милиони долари за советување при продажбата на компанијата за видео-игри Electronic Arts (EA) на група инвеститори за вкупна вредност од 55 милијарди долари.

Ова претставува најголема поединечна провизија за трансакции од типот на спојувања и аквизиции (M&A) во историјата на банката.

Досегашниот рекорд на Goldman Sachs изнесуваше 93 милиони долари, заработени при продажбата на компанијата Wrigley (Kelanova) на Mars Inc. за 36 милијарди долари, пренесува Financial Times.

Банката веќе добила 10 милиони долари аванс по објавувањето на договорот, а преостанатите 100 милиони ќе бидат исплатени по финализирањето на трансакцијата, што е планирано за вториот квартал од 2026 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс