26 домашни ракотворци ја носат „Обоена есен“ во Скопје Сити Мол

Од 16 до 18 октомври, есенскиот базар „Обоена есен, рачно создадена“ ќе понуди уникатен накит, керамика, предмети за домот и други рачни изработки од домашни креативни брендови.

Рачно изработен накит, насликана керамика, предмети од дрво и кожа, миризливи свеќи и уметнички дела ќе го обојат приземјето на Скопје Сити Мол. Од 16 до 18 октомври таму ќе се одржи Есенскиот базар „Обоена есен, рачно создадена“, со учество на 26 домашни ракотворци и креативни брендови.

Во фокусот е современата рачна изработка — производи создадени во мали серии, со препознатлив стил и приказна зад секој предмет. Во текот на трите дена, посетителите ќе можат да се запознаат со авторите и нивната работа, како и да најдат оригинален подарок или нешто за својот дом.

Понудата опфаќа модерен накит, современ филигран и накит од епоксидна смола и полимерна глина, рачно насликана керамика и производи од кожа, дрво и природни материјали. Ќе бидат претставени и органска козметика, свеќи, декупаж, декоративни предмети, уметнички дела и детски рачни изработки.

На базарот ќе учествуваат Светник, БУВ – раскажува приказна за дрвото, PURE BEAUTY by Emma, Forest Stories, SIRA Leather, Solar Creations, Zen.Zeal, Epoxy Handmade by Clay, Филигран од срма Софија, Crochet by Frosi, Игнеа козметика, Декупаж катче, Монкдолс, Јуник Корнер, Добро ми стои, Filigree LARGO, Еко восочни обвивки, Marcy_s_handmade, Шарено ќоше, Julie Decoupage, Ignis Creative, Витрум Студио, Custom Cakes by B, Јордан WoodWorkers, Тилиа органика и Фантаст уметничко студио.

Зад секоја изработка стојат идеја, вештина и време вложено во создавањето. Базарот е можност публиката одблиску да ја запознае разновидноста на домашната креативна сцена и да ги поддржи локалните автори.

Со тематските базари, Скопје Сити Мол им обезбедува простор на ракотворците и малите креативни брендови да ја претстават својата работа пред поширока публика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс