Search

Годините и технологијата – предности и недостатоци

Докторите тврдат дека умереното користење интернет во староста може да ја одржи когнитивната функција и да помогне да се спречи развојот на деменција. Резултатите од истражувањето на научниците од Универзитетот во Њујорк беа објавени во списанието на Американското здружение за геријатрија.

Тие откриле дека редовното користење интернет „е поврзано со приближно половина од ризикот од развој на деменција во споредба со спорадичната употреба“.

Врската постои „без разлика на степенот на образование, раса или етничка припадност, пол и генерација на испитаниците“.

„Онлајн ангажманот може да придонесе за развој и одржување на когнитивните резерви, што пак може да го компензира процесот на стареење на мозокот и да го намали ризикот од развој на деменција“, вели една од авторките на студијата, Вирџинија В. Чанг.

Користејќи ги податоците од Студијата за здравје и пензионирање (HRS), повеќегодишно истражување на возрасни Американци, Чанг и нејзините колеги следеле 18.154 луѓе на возраст од 50 до 64,9 години кои не страдале од деменција, во период од речиси осум години.

Откриле дека во тој период на 4,68 отсто од испитаниците им била дијагностицирана деменција.

„Редовното и умерено користење интернет во доцната зрелост во подолг период е поврзано со одложено когнитивно оштетување“, се вели во резултатите од студијата заснована на одговорите на учесниците на нивната употреба на интернет.

Но, ако мислевте дека постарите или која било возрасна група можат подобро да го користат своето време наместо да сурфаат на интернет читајќи глупости објавени од повеќето социјални мрежи или да отвораат сомнителни мејлови, истражувањето го зеде тоа предвид.

„Несомнено, неопходно е да се соберат повеќе докази за можните штетни ефекти од прекумерната употреба на интернет“, предупреди тимот на NYU, потсетувајќи дека други претходни студии покажаа дека главно кај помладите зависници од интернет, „појавата на намалени вербални вештини, намалена концентрација и оштетување на сивата и белата материја во мозокот“.

Извор: life.uk

Најново

Последни колумни