„Франкенштајн“ на Театарот за деца и младинци триумфираше во Темишвар

Скопскиот ансамбл доби меѓународно признание за колективна игра на фестивалот „Под волшебното стапче на Мерлин“ во Романија.

На 11-тото издание на Меѓународниот фестивал за анимација „Под волшебното стапче на Мерлин“ („Sub Bagheta lui Merlin“), кој се одржа во Темишвар, Романија од 27 Септември до 4 Октомври, претставата „Франкенштајн“  освои престижна Награда за колективна игра (Award for Ensemble Performance).  

 Публиката и стручното жири во Темишвар имаа можност да ја погледнат изведбата на оваа длабока и визуелтно впечатлива претстава на 1 октомври, на големата сцена на Унгарскиот државен театар „Csiky Gergely“.  

 Меѓународното жири ја препозна и ја валоризира врвната уметничка синергија, прецизност и длабока емоционална ангажираност на актерскиот ансамбл, доделувајќи му го ова значајно признание кое ја потврдува високата професионалност на македонскиот театар.  

Претставата „Франкенштајн“, преку својот оригинален сценски јазик и актуелна тематика, уште еднаш докажа дека уметноста не познава граници и успева длабоко да ја допре и младата и возрасната публика ширум светот. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс