Од 21 до 24 октомври, Бруклински џез бистро во Скопје ќе биде домаќин на „Four Nights of Jazz“, четиридневен музички настан што ќе обедини различни џез-изрази, од класични стандарди и импровизации до современи интерпретации. Секоја вечер носи различен состав, а сите концерти започнуваат во 21 часот.
Четири последователни вечери, четири музички состави и една заедничка сцена. Под мотото „Four Nights of Jazz“, Бруклински џез бистро подготвува музичка програма која од 21 до 24 октомври ќе го донесе џезот поблиску до скопската публика, во интимна клупска атмосфера.
Настанот започнува во среда, 21 октомври, со настапот на Cocktail Standards, дуо од Ниш составено од гитаристот Предраг Симовиќ и саксофонистот Филип Стипшиќ. Формирано во 2026 година, дуото гради репертоар во кој се испреплетуваат џез-стандарди, модерен и модален џез, евергрини и препознатливи популарни мелодии. Нивните оригинални аранжмани оставаат простор за импровизација и музички дијалог меѓу гитарата и саксофонот.
Втората вечер, во четврток, 22 октомври, е резервирана за Skopje Jazz Inc, додека во петок, 23 октомври, на сцената ќе настапи Hot Jazz Orchestra, со Иво Солдатовиќ Сол на кларинет, Андреј Момировски Буцо на гитара и Бојан Петков Шамба на гитара.
Финалето на четиридневниот настан е закажано за сабота, 24 октомври, со настапот на John Ilija Apelgren, кој ќе ја заокружи програмата на „Four Nights of Jazz“.
Со оваа програма, Бруклински нуди четири различни музички средби во еден настан, во кој акцентот е ставен на живата изведба, импровизацијата и непосредниот контакт меѓу музичарите и публиката.
Сите настапи започнуваат во 21:00 часот, во Бруклински џез бистро на улица Орце Николов 75 во Скопје. Резервации се достапни на телефонскиот број 078 337 843.
Главен спонзор на настанот е Златен Даб Amber, а партнер е винаријата Душа.
