Фолцфаген повлекува 200.000 автомобили: Проблем со управувањето кај повеќе модели на Шкода

Околу 200.000 возила во Чешка ќе бидат повлечени поради дефектен шраф кој може да пукне и да предизвика дефект на системот за управување.

Фолксваген група најави повлекување на околу 200.000 автомобили во Чешка поради потенцијално сериозен проблем со системот за управување. Станува збор за шраф што прицврстува дел од механизмот за управување, а во одредени услови може да пукне и да предизвика дефект на системот. Поради можните последици врз управливоста на возилото, производителот започнува сервисна акција за погодените автомобили.

Според проценките на чешкиот производител на автомобили, најголем дел од погодените возила се модели на Шкода произведени во периодот од 2013 до 2024 година. Сопствениците на возилата опфатени со повлекувањето ќе треба да ги однесат автомобилите на проверка и, доколку е потребно, замена на неисправниот дел.

Меѓу моделите опфатени со повлекувањето се Шкода Октавија, Шкода Карок, Шкода Кодијак и Шкода Суперб. Информацијата ја потврдил и директорот на Шкода за чешкиот пазар, Јиржи Малачек, за Чешката телевизија.

Проблемот е откриен кај компонентата што е дел од механизмот за управување, а ризикот произлегува од можноста шрафот да откаже. Иако повлекувањето е превентивна мерка, дефект поврзан со управувањето се смета за прашање од особено значење за безбедноста во сообраќајот, бидејќи системот директно влијае врз контролата на возилото.

Сопствениците на погодените автомобили треба да ги следат известувањата од производителот и овластените сервиси за тоа дали нивното возило е опфатено со акцијата и кога треба да биде донесено на проверка. Сервисните интервенции поврзани со фабричко повлекување вообичаено се вршат без трошок за сопственикот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс