Корисниците на Фејсбук рано утрово пријавија проблеми со пристапот до социјалната мрежа, при што веб-страницата прикажуваше порака дека сметките се „привремено недостапни“. Според платформата за следење прекини Downdetector, првите проблеми биле регистрирани околу 3:25 часот по источноамериканско време, по што илјадници корисници пријавиле прекини во САД.
Проблеми биле забележани и на Инстаграм, кој исто така е во сопственост на компанијата Мета. На дел од корисниците им се појавувала порака:
„Вашата сметка моментално е недостапна поради проблем со страницата. Очекуваме ова да се реши наскоро. Обидете се повторно за неколку минути.“
Засега нема официјално објаснување од Мета за причината за прекинот, ниту информација колку корисници биле погодени.