Европските берзански индекси денеска главно бележат раст, и тоа за повеќе од еден процент, додека истовремено паѓаат цените на нафтата, откако на пазарите се зголеми оптимизмот околу можното завршување на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.
Според податоците од берзите во 10:00 часот, цената на суровата нафта паднала за 3,06 проценти, на 99,126 долари, додека цената на нафтата Брент се намалила за 2,61 процент, на 106,955 долари.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави пауза во операцијата „Проект слобода“ околу Ормускиот Теснец, наведувајќи го како причина „значителниот напредок“ кон сеопфатен мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран, пренесува CNBC.