Ева Костиќ со меѓународна награда за улогата во македонскиот филм „17“

Македонскиот филм „17“ на режисерката Косара Митиќ продолжува да го освојува вниманието на европските фестивали. Актерката Ева Костиќ ја доби наградата за најдобра актерка на Интернационалниот филмски фестивал TOFIFEST во Полска.

Нова меѓународна награда за македонскиот филм „17“.

Актерката Ева Костиќ е прогласена за најдобра актерка на Интернационалниот филмски фестивал TOFIFEST во Полска, за улогата во дебитантскиот игран филм на режисерката Косара Митиќ.

Филмот беше прикажан во главната натпреварувачка програма ON AIR Competition, каде што Костиќ го доби признанието за својата изведба.

Ова е уште една потврда за меѓународниот одек на „17“, филм кој веќе го гради своето фестивалско патување надвор од земјата. По TOFIFEST, филмот продолжува со проекции на Jerusalem Film Festival и Atlàntida Mallorca Film Fest.

„17“ е дебитантски игран филм на Косара Митиќ, со Ева Костиќ во главната улога. Приказната следи тинејџерка која на училишна екскурзија се соочува со тајна, насилство и искуство што ја менува нејзината младост.

Наградата за Ева Костиќ е признание за нејзината актерска зрелост, но и за силата на новата генерација македонски филмски автори и актери.

Честитки до Ева Костиќ, Косара Митиќ и целиот тим на филмот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс