Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес објави дека земјите-членки одобриле исклучок, така што Украина може да купува делови за американските системи за воздушна одбрана „Патриот“.
„Заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го поздравувам договорот на земјите-членки за исклучок за Украина да купува клучни производи за системите за воздушна одбрана „Патриот“, изјави претседателот на Европската комисија.
Според одлуката на ЕУ, Украина треба да им даде приоритет на европските производи при купување оружје со средства од заемот на ЕУ од 90 милијарди евра, а само во случаи кога тоа не е можно, се дозволува исклучок, за што е потребно одобрение од земјите-членки.
„На ова се додаваат и 8,4 милијарди евра што веќе се исплатени.“
Украина се соочува со сè поинтензивни руски напади со ракети и беспилотни летала, а нема доволно системи за одбрана од овие напади.
Фон дер Лајен во својата изјава наведува дека „следната исплата од 3,2 милијарди евра ќе ѝ овозможи на Украина подобро да го заштити своето небо од руските неселективни напади“.
„Ова е дополнително на 8,4 милијарди евра што веќе се исплатени во рамките на Заемот за поддршка на Украина, вклучувајќи средства за воздушна одбрана“, додаде таа.