Европската унија нема да преговара за Гренланд, и ја поддржува својата членка Данска, во чиј склоп е автономниот регион Гренланд, изјави денес во Брисел висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кја Калас.
Гренланд и Данска јавно изјавија дека арктичкиот остров не е на продажба.
Калас тоа го изјави за новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, пренесе Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД треба да ја преземат контролата над Гренланд заради својата безбедност.