Естонија е најдобрата земја за преселување во 2026 година

Развиениот банкарски систем, добрите деловни можности и високото ниво на дигитална инфраструктура ја искачија Естонија на врвот на глобалниот индекс за преселување.

Естонија е прогласена за најдобра земја за преселување во 2026 година според Rumavi Global Relocation Index, кој анализирал 192 држави и територии врз основа на 24 различни показатели.

Истражувањето ги оценувало финансискиот систем, квалитетот на живот, здравствената заштита, безбедноста, можностите за населување и развој, како и политичката стабилност, образованието и дигиталната инфраструктура.

Естонија добила високи оценки за банкарскиот систем, деловното опкружување, достапноста на домување, зелените површини и безбедноста. Единствената послаба оценка се однесува на климатските услови, поради долгите и студени зими.

Индексот се темели на податоци од меѓународни организации, меѓу кои Светската банка, како и истражувања за трошоците за живот и политичката стабилност.

По Естонија следуваат Сингапур, Малезија, Португалија и Тајван. Во првите десет се најдоа и Литванија, Хонг Конг, Свети Кристофер и Невис, Чешка и Малта.

Покрај вкупното прво место, Естонија е рангирана како најдобра дестинација за семејства, а кај земјите најповолни за претприемачи се наоѓа на второто место, веднаш зад Сингапур.

е-Трн да боцка во твојот инбокс