Компанијата Ericsson Никола Тесла во првиот квартал оствари нето добивка од 6,2 милиони евра, што претставува раст од 6,1 проценти во споредба со истиот период минатата година, покажува денес објавениот финансиски извештај.
Во истиот период, приходите од продажба достигнале 61 милион евра, што е зголемување од 12,6 проценти на годишно ниво. Во сегментот софтверско инженерство и услуги се остварени 38,2 милиони евра, во телекомуникации 18,1 милион евра, а во дигитално општество 4,6 милиони евра.
Раст е забележан на сите пазари. На домашниот пазар приходите достигнале 17,5 милиони евра, што е раст од 33,6 проценти. На извозните пазари (без услугите за Ericsson) приходите изнесувале 5,2 милиони евра, додека на Ericsson пазарот достигнале 38,3 милиони евра. Оперативната добивка изнесува 7,5 милиони евра, што е раст од 10,5 проценти во однос на истиот период лани.