Осум луѓе убиени во вооружени напади на неколку локации во западна Турција

Осомничениот со долго оружје пукал врз луѓе во три возила, по што побегнал и подоцна бил приведен во соседната провинција Ескишехир.
Фото: ToprakM, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Турската полиција уапси маж осомничен за серија вооружени напади во западната провинција Афјонкарахисар, во кои загинаа осум лица, а едно е тешко повредено. Жртвите биле пронајдени на неколку локации во три одделни возила. Меѓу убиените има и двајца учители, а осомничениот бил фатен по масовна потрага во соседната провинција Ескишехир.

Локалните медиуми објавија дека три лица биле убиени во близина на селото Ајазини, а уште три други тела биле пронајдени во реонот на селото Кијир. Во населеното место Јукаритандир две жени биле пронајдени со тешки повреди, по што им подлегнале на раните во болница. Полицијата потврди дека напаѓачот пукал врз луѓе сместени во три различни возила.

На безбедносните камери објавени во турските медиуми се гледа маж во црна јакна, бели панталони и со очила како држи долго оружје додека стои крај црвено комбе. По пукањето, полицијата веднаш ги блокираше сите локални патишта кон засегнатите села и покрена опсежна операција за негово лоцирање.


Според весникот Милијет, возилото со кое напаѓачот се обидел да побегне заглавило во кал, по што тој го напуштил и продолжил пеш. Потрагата заврши со негово апсење на подрачјето на соседната провинција Ескишехир, додека истражните органи работат на утврдување на мотивите за нападот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс