Овој викенд, на 7 и 8 ноември, East Gate Mall го слави својот петти роденден со голема „Роденденска џунгломанија“ и агенда исполнета со активности од пладне до вечер. Детски работилници, дружба со животни, DJ забава, џунгла парада и роденденска наградна игра се само дел од програмата што ги очекува посетителите во текот на двата роденденски дена.
Забавата започнува во 12:00 часот со едукација за рептилите со Војо, а веднаш потоа, од 13:00 часот, следува Jungle Adventure со Дарко Биберко. Најмладите ќе можат целосно да влезат во духот на џунглата со face painting, детска работилница и изработка на балони, активности што ќе се одвиваат во попладневните часови. Авантуристичкиот дел од програмата продолжува со уште една едукација за рептилите со Војо од 15:15 часот, а во 16:00 часот започнува потрагата по богатство со Дарко Биберко, како уште еден предизвик за најмладите истражувачи.
Како што денот се приближува кон вечерта, роденденската атмосфера продолжува и за повозрасните посетители. Од 17:00 до 19:00 часот, DJ Bono ќе биде задолжен за музиката и добрата атмосфера, додека Jungle парадата, која ќе се појавува неколкупати во текот на денот, дополнително ќе ја внесе роденденската џунгла низ просторот на East Gate Mall. Детски авантури, шопинг, музика и многу добра енергија, овој роденденски викенд има забава за сите генерации.
А што е роденден без подарок? Со сметка над 1.000 денари, направена на 7 или 8 ноември, посетителите влегуваат во игра за семејна авантура во Берлин, со посета на една од најголемите зоолошки градини во Европа. На 7 и 8 ноември, планот е едноставен: дојдете подготвени за шопинг, дружење и многу роденденска забава. Џунглата веќе ве чека.
